На егзотична дестинација Борко и Николина Ристовски имаа голема причина за славење (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Голманот на македонската ракометна репрезентација секој слободен момент го користи да ужива со сопругата Николина и синот Душан.

Деновиве тие уживаа во Палма де Мајорка, а споделија и неколку фотографии од нивните патувања на социјалните мрежи.

Она што беше нивна најголема причина за радост е првиот роденден на синот Душан. Среќната мајка објави фотографија на социјалните мрежи.

Инаку, Борко и Николина во годината која ни помина склучија граѓански брак, а во јануари оваа година направија и голема свадба.

Свадбата беше во еден луксузен македонски хотел, а на истата присуствуваа најблиските роднини и пријатели на парот.

За оваа прилика, Борко беше облечен во одело, а невестата во бел фустан со поширок долен дел. На свадбата присуствуваше и нивниот син Душан.

Свадбената торта на познатиот пар беше со црно – златна боја, а на црниот дел со златни букви имаше испишано текст.

Специјална торта имаше и за синот на Борко, Душан која беше во бело – сина декорација.