Фитнес тренерот Игор Божиновски-Попај скоро 15 години се занимава со бодибилдинг и фитнес. Досега тренирал многу познати градски фаци, добивал многу награди и признанија , но како што ни рече , голема желба му е да ја тренира поп пејачката Елена Ристеска.
“ Забележав дека Елена е малку здебелена и не е веќе згодна како порано. Јас да и бидам тренер, би ја ставил на строг режим на исхрана, потоа едно добро “тресење“ во теретана, барем една година и ќе биде како се*с бомба“, вели Игор.
Тој не ги крие симпатиите кон пејачката и вели дека секоја поп ѕвезда треба да има личен фитнес тренер.
-“ На неа и треба мускулест маж како мене, за да може да ја држи во форма. Моето искуство во фитнесот многу ќе и помогне во кариерата, посебно кога ќе прави фотосесии и спотови. Таква убавиуца не смее да си дозволи да биде дебела.Тука сум за неа, додава Игор.
Извор: 1тв