На социјалните мрежи започна да се шири необичен предизвик кој наводно можат да го изведат само припадничките на понежниот пол. Истиот е многу едноставен, а сè што ви треба за да го изведете е ѕид и едно столче.
Потребно е да застанете точно пред ѕидот, така што ќе гледате во него, и да направите три чекори наназад (стапалата ставете ги едно зад друго така што еден чекор ќе биде еднаков на една должина на стапалото). Наведнете се под агол од 90 степени така што со темето ќе го допирате ѕидот. Помеѓу ѕидот и себеси поставете столче, а потоа подигнете го до градите додека главата и понатаму ви го допира ѕидот.
Време е за предизвик: можете ли да се исправите, држејќи го столчето на градите?
Наводно овој предизвик можат да го изведат само жени, а како што пренесува “The Sun”, научниците имаат неколку теории зошто е тоа така.
Едни тврдат дека проблемот е во центарот за рамнотежа кој кај жените е поставен неколку центиментри пониско отколку кај мажите, додека другите сметаат дека трикот е во должината на стапалата која кај мажите е поголема.
“Кај жените, центарот е поблизу до колковите, додека кај мажите е поставен нешто повисоко. Кога жените се наведуваат над столчето, нивната маса е центрирана над нивните стапала, а кога мажите се наведнуваат, нивната маса е центрирана над столчето”, објаснил научникот Џереми Џонсон.
Должината на стапалата, според Џонсон, исто така е клучна во изведување на предизвикот бидејќи женските стапала се помали од машките, па тие со три чекори наназад се поставуваат подалеку од ѕидот.