Јавноста, особено помладите генерации го паметат како Кире, некогашниот член на групата „Нокаут“, новинарските кругови како синот на Панде Колемишевски, бардот на македонското новинарство и со години прв човек на НИП-от „Нова Македонија“… Банкарскиот и бизнис секторот и адвокатската фела го знае и како сопственик на адвокатското друштво Колемишевски и партнери, а однеодамна е и в.д. генерален директор на Македонската банка за поддршка и развој.
Иако Кире оддамна е професионално надвор од музиката, очигледно дека првата љубов заборав нема, а она што во неа отсекогаш (му) било слаба страна или поточно „фатална опсесесија“ кај музичарите – се жените. Барем кај повеќето, меѓу кои е и Кире.
Само што откако на свет дојде неговата ќеркичка, женската публика е минимизирана на квантитет, ама затоа добила максимално на квалитет. Или што би рекле, внимателно избрана, која на Кире му е најбитната и најверната.
Доказ – последната постирана фотографија на неговиот Фејсбук профил. На неа „распеаниот банкар“ ја габнал гитарата в раце, па го одработува својот ВИП концерт во дневната соба, за најважната публика во неговиот живот.
И оној другот, екс чен на „Нокаут“, кој деновиве стана татко таму некаде, „преку големата бара“ , Владимир Крстевски – Франц го пофали својот бивш колега со зборовите: „Отсекогаш си имал женска публика“, на што Кире му возврати: „Франц, оваа ми е најбитната и се надевам најверната“.
И веројатно среќниот татко не е далеку од вистината. Ама Кире не ја запоставил ниту онаа другата половина од најверните и најважни „обожавателки“ во неговиот живот…
Со неа во секоја можна прилика заеднички уживаат во звуците на безвременската музика на концертите на големите светски музички ѕвезди во Скопје, како Лени Кравиц или Стинг, на пример.
Извор: vistina.mk