Добил 250.000 евра на лото но неможе да си ги земе бидејќи неможе да си го докаже својот идентите. Според „Еуро њуз“, 28-годишникот купил грепка од пет евра во супермаркет пред неколку недели и не бил во можност да ја подигне својата добивка.
Александер Верстраете, алжирски адвокат, изјави за АФП дека неговиот клиент работи на докажување на својот идентитет пред белгиските власти.
„ Мојот клиент е во незаконска ситуација, нема документи и нема жиро сметка. Ги бараме оние документи кои можат да го докажат неговиот идентитет, тој ќе мора да контактира со семејството во Алжир“, рече адвокатот.
Јавното обвинителство во Бриж отвори истрага за пронаоѓање на среќниот добитник.
Адвокатот вели дека човекот нема намера да поднесе барање за азил во Белгија и дека добил гаранција дека нема да биде депортиран додека не ја добие својата лотарија.