Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ и ќерка на фолк-ѕвездата Цеца, неодамна почна заеднички живот со момчето Ѓорѓе Куљиќ. Таа сега открива како изгледа нејзиниот живот откако го напушти семејниот дом на Дедиње.
-Ништо специјално не се промени откако се преселив. Сите знаеме дека децата во еден момент од животот растат и мораат да направат следен чекор, дали било во љубовна смисла , да живеете со некого, да се осамостоите, да живеете сами. Во мојот случај ништо не се промени, вели Анастасија, а тука не завршува.
-На мајка ми, секако, и беше криво, бидејќи сака сите да сме заедно, но таа знае дека тоа е нормален чекор и ме поддржа во целост. Се уште поминуваме доста време заедно. Постојано се слушаме, доаѓам дома. Мама некогаш преспива кај мене, вели Анастасија за емисијата „Ексклузивно“.