На неполн месец пред породувањето, Дарко Лазиќ ја избрка свршеницата од својот дом

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачот Дарко Лазиќ за неполн месец повторно ќе стане татко, односно неговата свршеница Марина Гагиќ е во деветиот месец од бременоста.

Како што пренесува „Телеграф“, Дарко и неговата свршеница повеќе не живеат заедно, туку наводно таа се вратила во домот кај своите родители.

„Марина повеќе од еден месец живее кај родителите. По последната кавга ги собра работите и се врати дома. Таа повеќе не можеше да издржи тоа што Дарко се враќа дома пијан. Неколку пати му кажа дека на нивното дете им треба здрав татко“ тврди изворoт и додава:

„Таа полуде кога тој повторно седна во автомобил и тој ден имаа силна кавга. Тој и кажа да си ги собере работите и да си оди бидејќи не планира да се жени повторно, но дека ќе го признае детето. Марина се спакува и си замина“ раскажува извор за „Телеграф“.

Наводно изворот тврди дека Дарко се повеќе излегува, а помалку поминува време со Марина.

„Дарко одлучи да се врати на својот стар живот, а Марина го осудува. Тие се во неформален однос, два дена се сакаат, два дена не зборуваат, а и кажа дека нема потреба да се венчаат.Тој вели дека е подобро да бидат во врска и да уживаат додека им е убаво“ вели изворот.

Пејачот ги потврдил информациите дека не живее со својата свршеница, но дека наскоро ќе живеат во заеднички дом.

„Точно е дека Марина живее кај родителите, кај мене доаѓа преку ден. Кога ќе ја завршам куќата планирам да се преселиме и да живееме заедно“ вели пејачот.

За потсетување, Дарко Лазиќ од првиот брак со Ана Севиќ ја има ќерката Лорена.