30-годишниот Индиец Дијанешвар Билдер, скокнал од мост висок 21 метар кога видел дека во реката Тапи се дави една 30-годишна жена.
Додека случајно минувал преку мостот, Билдер ја забележал жената.
Група луѓе панично набљудувала, но никој не се осудувал да скокне.
Дијанешвар веднаш реагирал. Прво во реката фрлил дрвена кутија, која ја нашол на улицата, а потоа без размислување скокнал од нешто повеќе од 20 метри во водата.
Ја дотуркал кутијата до жената за да може да се фати за неа, а потоа ја одвлекол давеничката до брегот.
Како што се наведува, жената скокнала во водата сакајќи да се у*ие по една расправа со сопругот.