На овој хороскопски знак секогаш ќе му бидете на второ место – Бидете внимателни

ИЗВОРНов Лист
|

Иако ги сметаат за најдобри и за најпозитивни личности кои секој би ги посакал за пријател, овој хороскопски знак е себичен во партнерските односи. Секогаш прво ќе мислат да ги задоволат своите потреби и ќе се грижат само за своите чувства.

Дали е добар избор за партнер? Заклучете во следните редови. Станува збор за Стрелец.

Стрелецот секогаш самиот себеси си е на прво место. Иако ќе се заколнат на вечна љубов и на лојалност, припадниците на овој знак постојано ќе прават тоа што на нив им одговара и секоја ситуација ќе ја свртат во своја корист.

Ако згрешите, очекувајте дека ќе ве критикува, но во никој случај не обидувајте се да го сторите истото во обратна ситуација затоа што Стрелецот тоа ќе го доживее како најдлабока емоционална навреда.