На овој начин ве мамат на бензинските станици: Човек успеал да открие измама, а потоа ги споделил советите со сите!

ИЗВОРСкопје24
|

Еден човек успеал да открие како бензинските станици ги мамат возачите.

Возачот во еден момент ја повлекол цевка од која не течело ништо.

За тоа време ги следел бројките кои растеле на апаратот и забележал дека резервоарот му бил и понатаму празен, иако “ставил” бензин за 50 долари.

После ова видео сигурно повеќе ќе внимавате на тоа како ставате гориво и од каде ставате:

Трик кој нема да ви го кажат на бензинска: Еве како до повеќе гориво за помалку пари

Доколку сакате да заштедите на гориво, еве неколку совети како тоа да го направите

Не точете до врв

Оној момент кога дршката за бензин ќе кликне и ќе престане да точи гориво во резервоарот, вашиот автомобил добил точно толку гориво колку што собира. Нема потреба да ја стискате рачката повторно, за да дополните. Тоа гориво ќе се разлее и моторот нема да го потроши, а вие ќе го платите.

Добро затворете го резервоарот

Бензинот ќе испари, ако има доток на воздух. Поради неисправни капачиња, годишно во воздух испаруваат 540 милиони литри гориво.

Одржувајте го моторот

Автомобил кој не поминал еко тест или има истрошени или неисправни свеќици може да троши и до 30 отсто повеќе.

Користете квалитетно масло​

Доколку употребувате масло кое го препорачува произведувачот на автомобилот може да заштедите 1 до 2 отсто на гориво.