На овој остров бараат овчар, нудат плата од 25.000 евра

ИЗВОРСкопје24
|

За сите на кои им здодеа модерната технологија и современите монотони работи, еден пуст остров нуди нешто единствено.

Шкотскиот остров Северен Роналдсеј бара заинтересирани овчари, кои ќе бидат чесно платени за да чуваат редок вид шкотски овци – оркни.

Островот бара искусни овчари, пренесува „Метро“, кој ќе пази овците да останат во чопор, да јадат само планирана храна која можат да ја сварат, да бидат на безбедни локации и оддалечени од сите гребени кои се наоѓаат во околината.

Овчарите ќе бидат задолжени и да го пазат ѕидот кој го раздвојува природното живеалиште на овците од нивите на кои се одгледува храна за цел остров. А бидејќи ѕидот е стар, овчарот ќе биде задолжен и да го поправи.

Работата бара 35 работни часа неделно, за што работодавецот плаќа 24,473 евра.

При прифаќањето на работата, идниот вработен ќе мора да остане три години во работен однос за ѕидот во потполност да биде поправен, а бројот на овци да се зголеми.