Старата 2018 година полека си заминува, на само неколку дена до дочекот на Новата година може да заклучиме владее неверојатна новогодишна еуфорија. Локалите веќе од 15ти месецов се исполнети до последно столче а кулминацијата се очекува на 31 декември.
Резервации останаа уште неколку, скопјани кои порано кои подоцна веќе го резервираа своето место за дочекот на Новата 2019 година. Направивме една мала анализа за она што го нудат локалите во главниот град, дали ќе се одлучите за пијачки или пак комплетно мени со вечера зависи од вашите желби, но секако и од можностите. Цената е различна во зависност од тоа за што ќе се определите, нормално доколку сакате да ја прославите како што е обичај и да каснете нешто ќе платите малку повеќе.
Ресторанот „Дион“ во Скопје за дочекот на Новата година нуди богата програма со неограничено јадење и пиење по цена од 2.800 денари, на агендата на ресторанот задолжен за одлична забава на гостите ќе биде познатиот Жаре Бербер и 18+Бенд.
Локалот „Square21“ за најлудата ноќ во годината нуди all inclusive мени по цена од 1499 денари, а задолжени за забавата ќе бидат Стефан и Марија со бенд во живо.
„Deja Vu“ за дочекот на 2019 година нуди незаборавна забава со Теа Теировиќ и Тони Бланка. Картите за оваа вечер се по цена од 700 денари по лице, додека храната и пијалокот ќе бидат по редовна цена.
Ресторанот „Виолина“ на агендата за дочекот на Новата година ги има Иван Илиев со бенд во живо, понудата во овој локал е all inclusive карта за седење 1899 ден.
Доколку се решите за дискотека, клубот „Avenue“ за дочекот на Новата година има подготвено богата агенда со тројца диџеи и бенд во живо, влезниците ќе бидат по цена од 300 денари, кетеринг на секоја маса, пијалоци по регуларни цени.
Ресторанот „Ексклузив“ за дочекот на Новата година во својата агенда го познатиот Амајлија бенд, додека на крајот од новогодишната ноќ резервиран е Дј Бабура со свој сет, цената на картата е 1750 ден, со неограничено пиење и богата трпеза.
„Juice bar“ за дочекот на Новата година нуди карти по цена од 1399ден. со вкучено неограничено пиење, додека за цените со вклучена храна цената ќе биде повисока. Познати диџеи ќе ве забавуваат доколку се одлучите да ја поминете новогодишната ноќ токму овде.
Интересно е она што речиси сите локали во својата богата понуда нудат и награди, како викенд за двајца во Банско и многу други изненадувања.
Подготви: Љ.С