На плус 40 степени, на најфреквентните места во Скопје, дел од чешмите за пиење вода не работат

ИЗВОРСкопје24
|

Граѓаните мака мачат со пеколното време. Оние кое не заминаа на одмор не можат да се разладат ниту во центарот на градот. На плус 40 степени, на најфреквентните места, дел од чешмите за пиење вода не работат. Сува е чешмичката во паркот на Франкофонијата. Кај МЕПСО, пак, граѓаните фонтаната ја претвориле во контејнер. Има и такви каде што водата не е за пиење.

Сепак дел од препораките на докторитере се токму граѓаните да носат со себе шише обична вода, бидејќи тоа најмногу помага. Толото време ги вжешти и телефонските линии на Брза помош- за 30 проценти се зголемиле интервенциите.

Oд Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека темпертури од портокалова фаза ќе се задржат и во наредната недела, поради тоа да се избегнува дирекна изложеност на сонце, после 10 часот.

Гужва за влез во Грција – Чекаат колони возила

Сообраќајот низ државата е интензивиран, а на граничните премини Богородица и Табановце се чека 15 до 30 минути. Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Иако коловозите се суви, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.