Пејачката Тијана Кадовиќ која го одбележа минато годишното издание на Ѕвездите на Гранд кога на снимање доаѓаше со камп и со цел тим – стилисти, фризери, шминкери па дури и обезбедување.
Откако го заврши натправарувањето Тијана се здебели а тоа и самата го призна.
Всушност се здебели 10кг, а тоа ги шокираше сите, но гордо ги покажуваше фотографиите во костим за капење. Се шпекулираше дека е бремена , но тие гласини ги демантираше.
-Драги мои, еве ме. Дали ви недостигав? Ви се извинувам што не ве известив за тоа каде сум, сокој сум, што пијам и што јадам, но бев на малку подолг одмор. Накратко, се уморив и како што может да видите изедов се. Значи , да разјасниме не сум бремена, само сум дебела, кажа пејачката.
За потсетување, Тијана не ги одмина ниту членовите на жирито, па така во една емисија имаше кавга со Аца Лукас. Иако многумина и предвидуваа успешна кариера, како и дека веднаш по завршувањето на шоуто таа ќе сними песна, Тијана на изненадување на сите после сите натпреварувања со месеци не се појавуваше во јавност. Кога ќе ја види Поповиќ многу веројатно нема да му се допадне, со оглед на тоа што е директор на Гранд сите кандидатки остро ги критикува за тоа дека мора да водат сметка за својот изглед и килограмите.