НА ПОВИДОК НЕМА НИКАКВА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО – СО ЧЕСТИ ВРНЕЖИ И ОПАСНОСТ ОД НЕВРЕМЕ ДО САМИОТ КРАЈ НА МАЈ

|

До самиот крај на овој месец во Македонија продолжува ДОЛГИОТ период на променливо и МНОГУ НЕСТАБИЛНО време со повремени локални врнежи од дожд.

Од пладневните часови на многу места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално има услови за ПОИНТЕНЗИВНИ Атмосферски процеси кои би можеле да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со услови за појава на град. Токму поради ова препорачуваме ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

И во делови од Скопската котлина понатаму ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На повидок нема никакво долготрајно стабилизирање на времето.

Температурите во следниот период ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели истите повремено се очекува да се искачат и малку над 25 степени.

За првиот поизразен топлотен бран од Африка, како што доликува за овој период од годината и понатаму ќе се изначекаме.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!