Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и малку посвежо за разлика од вчера со повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе дува и засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 27 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за повремен локален дожд проследен со ретки грмежи. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.
Потоа утре и понатаму ќе се задржи посвежото време, а особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од само 2 до 10 степени. Максималните дневни пак ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Исто така од утре до сабота времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, а услови за поладневна локална нестабилност ќе има во недела.
Што се однесува до температурите тие од петок па за време на викендот повторно ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата држава, и за викендот истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki