На познат пејач му дадоа бакшиш, а тоа што тој го направи со парите ќе изненади многумина (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Познатиот Буба Корели спаѓа во редот на оние пејачи кои сакаат да го покажуваат луксузниот начин на живот кој го живеат, а расфрлањето со пари и други материјални работи често ги сретнуваме во нивните стихови.

И додека едните го критикуваат ваквиот начин на јавно изразување, други истакнуваат дека Буба треба да биде репер на човек кој поштено ги заработил парите, и никој не треба да го интересира како тој ги троши своите пари.

Баш поради ова Амар Хоџиќ, како што гласи името на познатиот „хитмејкер“, предизвика лавина коментари кога на социјалните мрежи објави видео снимка од бакшиш кој го добил на вчерашниот настап.

„Успеа некој да ме накити со некое евро“ – им порача Буба Корели на своите фанови, покажувајќи во џеб банкнота од 50 евра која му ја ставил во џеб еден од фановите на вчерашниот настап.

– За оние кои не знаат за што се работи, јас и Џала ( познатиот Џала Брат кој е негов партнер ) не примаме бакшиш. Се лутиме кога некој ќе ни понуди бакшиш. Некој ми ја стави оваа пара во џеб и не знам чива е. Да можам ова би го скинал, но ми кажаа дека не се кинат пари, па затоа утре ова ќе му го дадеме на некој на кој му е повеќе потребно. Мислам дека така е најисправно – залучи Буба.