Ивона Неговановиќ Цуца, жената која долги години му беше љубовница на кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, тврди дека на Шабан му родила дете.
Во најновиот број на српски Свет, е содржана нејзината шокантна исповед во која таа нагласува дека после смртта на пејачот, таа не е сама.
После него ми остнаа мало суштество кое ме теши – вели Цуца.
Таа уште вели дека редовно го посетува вечното почивалиште на Шабан и го чека денот кога ќе легне крај него.
Кога се случи, аферата за наводната романса помеѓу кралот на фолкот Шабан Шаулиќ и младата пејачка Ивона Неговановиќ, попозната под уметничкиот прекар Цуца, истата привлече невидено внимание во медиумите ширум регионот, бидејќи претходно Шабан никогаш не се нашол во ваква ситуација. Особено, не јавно!
Аферата толку многу го разниша бракот на фолк легендата со неговата Гоца, што тој едно време опстојуваше на „стаклени нозе“, но нејзината упорност, реномето на Шабан и секако разликата во годините помеѓу него и Цуца, која беше 39 години помлада, придонесе бракот на пејачот да опстане, а наводната љубовна романса да се сведе и остане само на ниво на медиумска афера.
Она што е најинтересно по ненадејното заминување на Шаулиќ, е фактот што Цуца се’ уште ја носи тетоважата со неговото име „Шабан“, која и ја прекрива прстенот, особно за време на јавни настапи и фотографирање.
Така и Цуца, колку и да ја крие, јасно се гледа дека тетоважата се’ уште и стои!