Македонија го постигна првиот гол против Гибралтар со голот на Енис Барди во 4-тата минута. На самиот почеток, во првиот посериозен напад Македонија поведе, откако беше досуден слободен удар по играњето со рака Лопес, за што доби и жолт картон.
Енис Барди ја зема топката и од дистанца постигна фантастичен гол од слободен удар.
Само неколку минути по првиот гол Македонија успеа да даде и втор. Барди нафрли, а Миовски со глава погоди. Тоа е дебитантски гол на напаѓачот во дресот на македонската репрезентација.
Во 15 минута – Македонија постигна резултат од 3-0. Николов шутна од далечина но еден фудбалер на Гибралтар изблокира. Сепак, топката ја прифати Миовски на кого не му беше тешко да ја испрати во мрежата
.