На само 10 години знаела дека е најпаметната жена во светот: Се сомневаат во исправноста на тестот кој и е направен

ИЗВОРСкопје24
|

Мерлин вос Саван родена е како Мерилин Мах, но презимето на својот татко не го задржала многу долго.

Така наскоро станала Мерлин вон Саван(Експерт) кое што и прилега. Она сепак е жената со најголем коефициент на интелегенција во светот. Кога имала 10 години, решавала два теста на интелегенција. Првиот бил Станфорд-Бинет тест и вклучувал прашања со кој се мерат когнитивните способности низ пет фактори.

Вториот бил Мега-тест, дизајниран како би мерел коефициент на интелегнција над 145. По мега тестот нејзиниот IQ изнесувал 186, а по Станфорд-Бинетовата скала бил 228.

По кратката анализа, експертите заклучиле дека ова десетгодишно девојче има ментални способности на 23 годишна девојка. Триесет години после тоа во историјата ќе остане запишана како личноста со најголем IQ во светот и го држела рекордот до 1990 година кога оваа категорија не била тргната од Гинисовата книга на рекорди.

И покрај нејзиниот висок коефициент на интелегенција таа имала образување како и секој друг човек. Одела во локалното средно училиште и работела во работилницата на нејзиниот татко. Почнала да студира друштвени науки, а потоа се преселила на студии по психологија на Универзитетот Вашингтон од кој се откажала после две години. Во почетокот на 80-те се преселила во Њујорк и почнала да гради кариера во пишување, пишувала IQ квизови за списанието Омни, а потоа добила работно место во дневникот Парејд.

Во 1987 година се омажила за Роберт Јарвик, еден од дизајнерите на вештачко срце Јарвик 7. Подоцна станала шеф на финансии на Јарви Харт Инк. Во тоа време биле најпаметниот пар во Њујорк.

Низ годините имаше големи расправии за автентичноста на тестовите кои го измериле нејзиниот коефициент за интелегенција, бидејќи денешните верзии не можат да измерат повеќе од 170. Она без соменение е една од најпаметните личности на планетава, и секогаш се држела подалеку од рефлекторите. И останала во анонимност, обична жена, колумнистка и авторка на неколку книги.