Американците секогаш умееле да направат добра шега, односно преку шега да видат какви сте всушност во реалноста. Такво е и ова видео. Имено, во него ќе видите како „слеп“ човек оди со полн куфер пари, поточно со милион евра, а кој што куфер се отвара, при што парите паѓаат на земја.
Секој од луѓето реагира различно. Повеќето го положија тестот, но имаше и такви кои не го положија.
За да не ви раскажуваме, погледнете го видеото и кажете ни каква би била вашата реакција ако тоа ви се случеше на Вас?
https://www.facebook.com/watch/?v=2127928117301175
Често пати се прават вакви социјални експерименти со цел да се види до каде е стигната свеста на човештвото и иако многумина би помислиле дека нема надеж во младината, сепак резултатите не изненадуваат.
Иако ситуацијата не е реална, сепак ни дава добар приказ за тоа дека луѓето сепак се добри и не ја користат материјалната положба на оние помалку среќните од нив.