На среќата и нема крај: Фудбалерот Влатко Грозданоски стана татко

ИЗВОРСкопје24
|

Фудбалерот Влатко Грозданоски стана татко! Неговата сопруга Христина на неговиот 36. роденден на свет ја донесе малата Мила, а породувањето поминало во најдобар ред и двете се чувствуваат добро.

“Мојата сопруга ми го даде најубавиот роденденски подарок што можам да го замислам. Се роди нашата ќеркичка Мила“, се пофали фудбалерот на социјалните мрежи.

Познатиот пар Влатко Гроздановски фудбалската ѕвезда на Вардар и Христина Мицевска во 2016 година направија свадба во Александар Палас откако долги години беа во врска.

Првиот свадбен танц парот го изиграл на песната “All For Love” од Мајкл Болтон, а неколку песни во нивна чест тогаш испеа и Влатко Лозаноски, кој беше специјален гостин на прославата.

Им посакуваме да им е жива и здрава ќеркичката и секогаш да се гордеат со неа!