На струмичкиот карневал годинава нема гости од странство

|

И на дожд и студено време струмичките карневалџии не ја пропуштија можноста да заиграат под маски. Ги навлекоа светкавите костими и пуштија пораки за љубов и мир во светот. Но, и повеќе грижа за природата.

Годинава карневалот е сочинет главно од домашни учесници од Струмица и државата. Има неколку карневалски групи од соседните земји и претставници на карневалите од Асоцијацијата на европски карневалски градови.

Карневалот продолжува утре, а своите креации ќе ги претстават најмалите струмички карневалџии.

Сузана Мицева