Православната црква и верниците денеска го празнуваат Слегувањето на Светиот дух на апостолите- Света Троица или Духови. Овој празник секогаш се одбележува 50 дена по Велигден и десеттиот ден по Спасовден.
Духовден претставува и „роденден“ на христијанската црква. Кај Србите, Русите и Грците овој празник се нарекува и Педесетница. По своето значење ова трет празник по Велигден и Божик и како и овие празници се слави три дена.
На празникот на Слегувањето на Светиот дух на апостолите подот на храмовите се покрива со трева, крај ѕидовите се потпираат гранки од липа или некое друго дрво, а иконите се китат со цвеќе. Овој обичај потекнува уште од првите христијани . На Духови народот плете венчиња од цвеќе и треба кои потоа ги носи дома и ги става крај кандилото и иконата. некои ги носат венчињата во ташна бидејќи се верува дека Бог ќе ги заштити од разни несреќи.
Бидејќи во црковниот календар овој празник е три дена испишан со црвени букви, не треба да се работат тешки работи, а жените да го остават перењето, пеглањето и останатите рачни работи за некој друг ден.