На светот му требаат повеќе вакви луѓе: Снежана од Куманово згрижила 12 деца

ИЗВОРСкопје24
|

Децата се најголемото богатство во животот на секој човек, а оние кои згрижуваат деца и кои го посветуваат својот живот за животот на деца кои немале толку среќа, пружајќи им љубов и топол дом, дефинитивно се благословени од Господ.

Иако често не се зборува и пишува за нив, во напава земја има голем број на такви луѓе. Сузана Величковска од Куманово е една од нив и таа уште од 2010 година е згрижувач на деца, а моментално го згрижила и 12-тото дете – дар од Бога.

Како што вели таа овие деца покрај себе немаат помош од родители, баби, дедовци или роднини и за жал, не по нивна вина, се оставени сами на себе, односно немаат некој кој може да се грижи за нив како и за сите други, па поради тоа имаат голема потреба од згрижувачи, кои би требало да ги има во што поголем број, но имаат потреба за помош и од институциите. Тие деца поради сплет на околности немаат свој дом па мораат да живеат во туѓ дом, но никако не смеат да се чувствуваат отфрлено поради тоа и мораат да имаат многу љубов и внимание, додава Снежана.

„Најважно е човек да биде хуман, и да помогне во момент кога детето ќе има потреба. Да не гледаат националност, да не гледаат дали е тоа дете големо, мало. Јас имам соработка на највисоко ниво со социјалните работници. Мора еден згрижувач да има соработка со социјални работниците, со училиштето каде децата учат. Тоа дете треба да биде прифатено од околината, треба сите да го сакаат. Сум имала случај кога детето имало болна мајка која не може да се грижи за него, и потоа таа оздравува и детето се враќа кај неа“, вели Величковска за Фактор.

Во 2018 година има пријавено 51 ново згрижувачко семејство во кои се згрижени 78 деца, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Четири градови во земјава предничат во однос на другите според интересот за згрижување на деца.

„Најголем интерес за згрижување на деца има во Скопје, Македонски Брод, Крушево и Прилеп. Надоместокот за згрижување изнесува: 8.668 денари за згрижување на дете без родители и родителска грижа, 10.025 денари за дете со воспитно социјални проблеми и 11.361 денари за деца со попреченост“, велат од МТСП.

Извор: Фактор