На терен ѕвер, дома нежен татко: Цел Балкан се смее на влечките на Душко Тошиќ

ИЗВОРСкопје24
|

Фудбалерот Душко Тошиќ кој неодамна беше во центарот на вниманието поради турбулентниот брак со Јелена Карлеуша, очигледно им ја исполнува секоја желба на своите ќерки.

Семејството е сместено во луксузниот хотел во Кина, а од таму објави фотографија која го насмеа цел Балкан.

На неа е Душко со ќерките Атина и Ника, а она што посебно е интересно на фотографијата е што тие сите имаат ист стајлинг.

Душко позира прегрнат со своите ќерки и облечен е како нив во бањарка и влечки со Мики Маус со кои ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи.