Според соопштението од Општина Карпош, лицата со попреченост, преку бесплатни картички од ЈП „Градски паркинг” ќе можат да користат поволности за паркирање на своите возила на територијата на цело Скопје.
Картичка за користење на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои располага претпријатието можат да добијат лица со попреченост со утврдена дијагноза односно дистрофија, дијализа, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа (полиомиелитис), мултиплекс склероза и ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80 проценти, утврдено со акт на надлежната комисија во фондот на ПИОМ.
Документи кои се потребни за аплицирање за картичката се : важечка лична карта – на увид, копија од сообраќајна дозвола, ПИОМ Решение за степен на телесно оштетување – на увид, лекарски наод од специјалист – на увид, потврда од матичен лекар за точно наведена дијагноза – оригинал, членска книшка од здружение за телесно инвалидизирани лица – на увид, пополнет образец Барање – Договор (задолжително двострано печатење) на електронската адреса lpp@gradskiparking.com.mk.
Инаку, како додаток на новото соопштение од Општина Карпош, спроведени се опции за решавање на проблемот со паркирањето преку воведување на анкети во Карпош 1 и Карпош 2.