На вагите им недостасува внимание, повеќе работа од вообичаено за раковите – Дневен Хороскоп (02.12.2021)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Доколку сте на раководечко место обидете се да ја задржите својата страст под контрола. Партнерот има преголеми очекувања од вас. Обидете се да му објасните дека тоа што го сака не е изводливо.

Бик (21.04 – 21.05)

За да ги остварите зацртаните цели на работа потребно е да пронајдете начин да ги подобрите односите со колегите. Во љубовта некако сте мрзеливи. Мислите дека е доволно само да бидете покрај партнерот.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекува значително поволен паричен период. Инвестирајте пари во нешто корисно. Партнерот полека започнува да има доверба во вас. Немојте да го изневерите.

Рак (22.06 – 22.07)

Денес ќе имате многу повеќе работа од вообичаено. Постои голема шанса дека ќе морате да останете прекувремено на работа. Слободните ќе стапат во контакт со интересна личност од минатото.

Лав (23.07 – 22.08)

Конечно ќе ви се исплати се што сте направиле во изминатиов период. Флертувате каде и да тргнете. Уживате во вниманието. Саканото лице може да биде повредено.

Девица (23.08 – 22.09)

Амбициозни сте и истрајни. Успехот ви е загарантиран. Можен е мал конфликт со партнерот. Не претерувајте со пребрзото донесување на одлуки, почекајте малку и времето ќе покаже.

Вага (23.09 – 22.10)

Денес ќе добиете позитивни резултати од својот труд. Уживајте во успехот и почастете се нешто. Ќе ви недостасува внимание, кажете му го тоа на партнерот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате одлични идеи. Претставете ги пред колегите и надредените. Посветете му повеќе внимание на саканото лице. Градете го вашиот однос со помош на љубовта.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ве очекува вашиот паричен приход од странство. Некој од блиските пријатели ќе ви признае дека е заљубен во вас. Можни се стрес и нервоза пропратени со главоболка.

Јарец (22.12 – 20.01)

Започнуваат да се кристализираат многу работи. Ги имате сите карти на маса и знаете како да реагирате. Нема сите да ги прифатат вашите предлози. Задоволни сте со емотивниот статус.

Водолија (21.01 – 19.02)

Имате добра интуиција. Искористете ја за напредување и успех во работата. Саканото лице ве прави среќни и весели. Дадете се од себе да го задржите покрај себе.

Риби (20.02 – 20.03)

Верувајте во себе. Единствено така ќе постигнете се што сте замислиле. Саканото лице би сакало да му посветите повеќе внимание. Приредете му некое романтично изненадување.