Три членото семејството Мартиноски од Заполжани во општина Долнени големиот христијански празник Велигден го поминуваат без струја ,на свеќи но и без основни услови за живот.
На ден пред христовото воскресение големото невреме што ја зафати земјава, било причина гром да удри и во трошната куќа и само Господ ги спасил и нив и дел од објектот, вели 72 годишната Мица Мартиноска која лежејќи болна и неподвижна, дома била со својот син Диме.
Во Заполжани село со 300 жители,мештаните егзистираат од земјодели и сточарство. Семејството Мартиноски од земјоделска пензија и од годишно производство на едвај 500 килограми тутун.
Синот им е невработен, а парите едвај стигнуваат за лекови.
Сега бараат помош како да ја обноват електричната инсталација за да може ЕВН струја да и пушти.
Локалните власти во општина Долнени им ветиле еднократна парична помош од 20 илјади денари ама дури по завршување на претседателските избори.
За да се создадат услови им требаат најмалку околу 1000 евра, дотогаш мракот во домот на Мартиноски ќе биде нивно секојдневие.