Поминаа цели девет години откако Катарина прв пат се појави на сцената на „Звездите на Гранд“, таа се пласираше во финалето и со самото тоа потпиша и долгогодишен договор со оваа продукција.
Но како што се ближи истекувањето на договорот, многумина се прашуваат дали сопственичката на бројни хитови на српската естрада ќе се осамостои и ќе почне да заработува на своја рака, бидејќи поединци сметаат дека голем дел од пејачите едвај чекаат да се ослободат од канџите на Саша Поповиќ.
-„Ништо не се менува. Јас ќе останам во „Гранд“. Ќе работам со своите менаџери како и претходниве девет години, затоа што тие толку многу се трудат и борат како за мене така и за останатите мои колеги. Заради убаво до сега што направиле за мене, ќе останам“- изјави Катарина за Grand Online и на тој начин ги демантираше сите приказни кои зборуваат негативно за оваа продукција.
Сумирајќи ги впечатоците од годината која заминува, Катарина истакна дека оваа година за неа била доста успешна.
-„Не ми е убаво да зборувам за цени, но си купив стан. Купив и кола која треба да стигне оваа недела. Од следната година ќе живеам во тој стан, веднаш штом заврши реновирањето“