Денеска, согласно здравствените протоколи ми беше направен и втор тест за присуство на болеста кој исто како и првиот тест е негативен, напиша претседателот на СДСМ , Зоран Заев на Фејсбук.
Им благодарам на сите за поддршката и во исто време упатувам поддршка со желба за брзо оздравување на градоначалникот на Куманово Димитриевски и на сите граѓани кои се справуваат со болеста.
Се надевам дека премиерот и министрите ќе имаат негативни тестови. Оваа болест покажа дека е непредвидлив и дека е сериозна закана по здравјето на секој од нас. Затоа делуваме брзо, но многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките.
Да останеме дома, да внимаваме многу повеќе на нашата хигиена, да држиме дистанца од 2 метри, да се заштитиме а со тоа да ги заштитиме и другите. Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот.
Само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе ја добиеме оваа битка против невидливиот непријател, напиша Заев.
Денеска, согласно здравствените протоколи ми беше направен и втор тест за присуство на коронавирусот кој исто како и…
Gepostet von Zoran Zaev am Donnerstag, 16. April 2020