Оваа недела петок 13-ти и ретроградниот Меркур ќе се поклопат, па астролозите предупредуваат дека многумина би можеле да имаат проблеми во комуникацијата.
„Бидејќи Меркур е таа проблематична планета на зодијакот, нејзината ретроградна природа може да предизвика многумина да се чувствуваат малку понесреќно овој петок на 13-ти од претходните. Затоа погрижете се да забавите и внимателно размислете пред да донесете каква било одлука“, рекле астролозите за Elite Daily.
Истиот ден Јупитер ќе се префрли во знакот на Овен, што не се случило од 2011. година. Ова на Овните ќе им даде различни можности за напредок во сите области од животот, па не мора да се грижат за овој петок 13-ти.
Други знаци, само размислете добро и не брзајте и се ќе биде во ред – како и сите други денови, главно, нели?