|
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека повеќе од 120 повредени во земјотресот што денеска го погоди Херат во западен Авганистан се примени во регионалната болница во тој град.
„Во овој момент, повеќе од 120 лица се повредени и пренесени во регионалната болница во Херат, а многу други повредени се префрлени во други болници во овој град“, соопшти СЗО во објавата на платформата „Икс“ (Твитер).
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно соопшти дека земјотресот што го погоди денеска западен Авганистан бил со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала.