Платформата HalkEco, Халкбанк АД Скопје достигна број од 17.000 засадени дрвjа во периодот од стартување на еко платформата, од октомври минатата година до денес, со цел зачувување на животната средина и подигање на еколошката свест.
Со почеток на првата акција за садење одржана на 26ти октомври, 2019 година, во неколку наврати засадени се над 9000 дрвја низ државата, меѓу кои, 6000 во Велес, 220 садници во училишните дворови во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево и Богданци, како и 2790 садници во реонот меѓу Битола и Демир Хисар.
Преку HalkEco платформата беше реализирана и реконструкција на 19 мостови во Градскиот Парк во Скопје, поставување еко автобуска постојка во скопската населба Аеродром, реконструкција на пешачкиот мост во Крушево, уредување на Халк Корнер во ТЦ Лептокарија, како и поддршка на кампањата за спречување на палењето на стрништа којашто ја спроведува Град Скопје.
Халкбанк, за доброто на сите, и понатам ќе продолжи да придонесува за подобра животна средина низ целата држава, ќе работи кон поттикнување на здравите навики кај луѓето и ќе се стреми да го подобрува општеството, во целина.