Над 3,5 милиони прегледи: Луѓето не можат да сфатат што се случува со овој млаз вода (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Еден Италијанец снимил запрепастувачко видео од млаз вода која изгледа како да е заледена.

Дарио Бонзи од Бреша воочил екстремно редок феномен на 2-ри декември кога бил на излет во Вал Камоника, голема долина во средиштето на Алпите. Многумина не можеле да поверуваат дека станува збор за активен проток на вода, се додека 28-годишниот Бонзи не ја ставил раката под млазот.

Младиот фотограф ја објавил снимката на Фејсбук, а оттогаш таа е прегледана над 3,5 милиони пати.

“Никогаш не сум видел нешто вакво, изгледаше како лед но беше течна вода”, напишал тој.

“Тоа е редок феномен поврзан со динамиката на флуидот. Се нарекува ламинарно струење и е сосема природна работа”, објаснил Дарио. “Станува збор за еднолично струење на течноста во паралелни слоеви со мало мешање помеѓу нив, без турбуленции. Секоја молекула на водата ја следи онаа пред себе на многу прецизен начин, а во тоа помага и отсутноста на ветрот”, додал тој.

НЕЈЗИНОТО ВИСОЧЕСТВО – ВОДА

Општата препорака е 8 чаши вода дневно. Некои велат дека ви треба повеќе. Но, некои велат пиењето премногу вода може и да ви наштети. Која е вистината и колку вода всушност е доволно?

Зошто треба да се пие вода? Можете да поминете неколку денови па дури и недели без храна, но не можете да поминете повеќе од 2-3 дена без да се напиете вода. Водата е најпотребна материја за живот. Вашето тело е 60% вода и таа е потребна за:

1. Хидратација – Тренингот предизвикува загуба на вода преку потењето. Со доволен внес на вода ќе се спречи дехидрацијата на организмот.

2. Закрепнување – На вашите мускули потребна им е вода за да се опорават од тренингот. Ако не пиете доволно вода, тоа ќе го ограничи растот и рекуперацијата на вашите мускули.

3. Варење – Вам ви требаат 25g растителни влакна дневно за оптимално функционирање. Но, бидејќи растителните влакна се врзуваат со вода, тие би биле бескорисни доколку не ја внесувате водата во доволни количини.

4. Заситувањето – празен стомак ќе ве натера да мислите дека сте гладни. Водата ќе ви го наполни стомакот и ќе направи да се чувствувате помалку гладни.

И многу повеќе. Вода ја регулира температурата на вашето тело, спречува камен во бубрезите, го подобрува здравјето на кожата, ги подмачкува зглобовите….

Kолку вода ни е потребно секојдневно? Ако пиете доволно, имате здрави бубрези/мочен меур, урината треба да биде без боја и без мирис. Потемна урина е дозволена само при првото утринско уринирање.

Не чекајте да ожедните, тоа е знак дека организмот е пред дехидрирање.

Што е со интоксикацијата/односно претераното пиење на вода? Прекумерното конзумирање на вода може да го наруши балансот на електролити во вашето тело. Ова може да предизвика фатално нарушување на вашите мозочни функции.