Нада Топчагиќ јавно го прозва македонскиот пејач: „Сè се промени кога се појави Ристе Ристески!“

ИЗВОРСкопје24
|

Победникот од „Ѕвездите на Гранд“ во 2017 година, охриѓанецот Ристе Ристески, неодамна ја промовираше својата нова летна песна насловена „Како ли се она зове“ за која сними и егзотичен спот со неколку актактивни убавици.

Сега Ристе е ексклузивец на „Гранд“ продукција, а со тоа повеќе е присутен на српскиот музички пазар, се почест гостин е на ТВ емисии во соседството, а не се исклучок ниту пофалбите кои ги добива од поискусните колеги.

Имено, тој деновиве се пофали со објавата која пејачката Нада Топчагиќ специјално му ја посвети, а во која вели:

-Никогаш не сум била толку приврзана кон поп-музиката, но кога се појави Ристе Ристески сè се промени.Ти посакувам многу успех со новата песна, јавно му порача познатата фолк пејачка.

Секако ова му годеше на нашиот пејач, па не можеше да не објави на социјалните мрежи.

Доколку досега не сте ја слушнале „Како ли се она зове“, видеото го гледате во продолжение: