Надвор од функција системот за издавање лични документи на МВР

|

Граѓаните не можеле да бидат фотографирани во зададениот термин од МВР бидејќи системот не работел.

Некои лица кои веќе се пријавиле и имаат закажан термин од претходно, на социјалните мрежи реагираат за ова.

Граѓаните се жалат и дека имаат проблем да го испочитуваат рокот за личните документи, бидејќи никој од МВР не им се јавува.

Системот бил одблокиран по еден час, време за кое не можеше да се мине низ процедурата за вадење на патни исправи.