Утре како што и претходно најавивме ќе се задржи посвежото време, а особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од само 2 до 10 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.
Исто така од утре до сабота времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, а услови за попладневна локална нестабилност повторно ќе има во недела.
Што се однесува до температурите, тие од петок па за време на викендот, повторно ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која од северните предели на Африка ќе продре во нашата држава, и максималните дневни температури за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево. Температурите повторно ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, и тоа особено за време на викендот. Максималните дневни температури во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.
НАПОМЕНА: Наглите промени на температурите овие денови негативно ќе влијаат врз здравјето на луѓето. Затоа во случај на појава на позначителни здравствени проблеми кај метеопатите, истите задолжително да се пријават кај својот матичен лекар за совет, и сакако да ги слушаат советите од истите.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki