|
Наградата „Барбара Декс“ за најлошо облечен претставник на обогодинешната „Евровизија“ ја доби претставникот на Португалија, Конан Осирис.
Според гласовите на публиката, кои се собираат една недела по завршувањето на натпреварот, на петтото место се најде и македонската претставничка. Тамара беше облечена во креација од Александар Ношпал.
Лани, наградата ја доби токму Македонија и групата „Ај кју“.
Наградата се доделува од 1997 година, а е крстена по претставничката на Белгија во 1993 година и нејзиниот „ужасен фустан“.