НАЈАВА ЗА ПЕКОЛНИ ЖЕШТИНИ: За време на викендот температурите брзо и ЗНАЧИТЕЛНО ќе пораснат

|

Денес времето во Македонија ќе биде претежно сончево но со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 26 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачи до околу 24 степени.

Потоа во следните неколку денови времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во недела, како и во првите денови од следната недела во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност, која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие од утре па натаму ќе бележат тенденција на брз и ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ. Особено ТОПЛО ќе биде за време на викендот кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 35 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki