Најавен е крај на шоуто на Елен Деџенерис, дали токсичната работна атмосфера означи крај на едно од најгледаните ток-шоуа?

ИЗВОРНов Лист
|

Водителката Елен Деџенерис објави крај на емитувањето на нејзиното долгогодишно ток-шоу. Шоуто ќе заврши во 2022 година, по 19-та емитувана сезона. „Колку што е одлично ова шоу и колку е забавно, едноставно не ме предизвикува повеќе“, изјави водителот за „Холивуд репортер“.

Веста за крајот на снимањето доаѓа само неколку месеци откако поранешните вработени излегоа во јавност со приказни дека шоуто е „токсично место за работа“.

После тоа, тројца продуценти останаа без работа, а Деџенерис ја отвори тековната сезона со извинување во етерот. Шоуто се емитува од 2003 година и е едно од најпопуларните ток-шоуа во САД и едно од најпознатите во светот.

“Сакав да го завршам шоуто по сезоната 16. Требаше да биде мојата последна сезона, но сакаа да потпишам договор за уште четири години. Реков дека ќе потпишам можеби уште за една година. Тие не се согласија на една година, па најдовме компромис за три. Знаев дека ќе биде мојата последна сезона “, додаде Елен.

63-годишната водителка ги отфрла тврдењата дека го прекинала ток-шоуто поради различни обвинувања на поранешните вработени.

„Ми се скрши срцето кога дознав дека луѓето што работат тука не чувствуваат ништо друго освен дека имаат фантастично искуство … дека се повредени на кој било начин“, рече таа.

Според Холивуд репортер, Деџенерис ја објавила својата одлука во вторникот, а утре треба да даде интервју за колешката Опра Винфри.