Усвоената Информација е со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.09.2022 година.
Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.09.2022 година.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите и тоа:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2022 година (четврток); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2022 година (петок); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 03.10.2022 година (понеделник); За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 04.10.2022 година (вторник).
Со септемвриската пензија, пензионерите на крајот на месецов ќе добијат повисоки пензии за 6,8 %.
Зголемувањето е направено согласно новата методологија одобрена во март годинава.