Владата, ПИОМ, МТСП – сите со по некој нов детал за измените при пензионирањето

|

Според Премиерот, освен тоа што ќе постои можност да се докупи стаж, задолжително ќе биде пензионирањето на мажите на 64, а жените на 62 години. Ова правило нема да важи само за мал број дефицитарни работни места.

Министерката Јагода Шахпаска вели дека МТСП работи на законот, и во моментов се прецизираат детали. „Ние ќе го испорачаме кога ќе ги додефинираме сите моменти од законот за пензионирање, по основ на возраст“ – изјави таа.
Законот се очекува да стапи на сила по Нова година. Покрај задолжителното одење во пензија според старотс, ќе има можност и за предвремено одење во пензија и тоа 5 години.За колку проценти ќе им се намали пензијата на овие лица и колкав надомест ќе треба да уплаќаат во ПИОМ, се уште е рано да се каже, вели првиот човек на ПИОМ, Зенели.


Дали со новиот закон ќе се зголеми бројот на пензионери и дали тоа ќе може да го издржи ПИОМ финансиски – е прашање кое си го поставија многу граѓани.
„Моменталната финансиска состојба на фондот е стабилна. Редовно се извршуваат сите финансиски обврски на фондот. Со промените во законот за пензионирање ќе нема дополнителни проблеми за извршување на финансиските обврски на фондот“, изјави Шаип Зендели директорот на фондот.
Според податоците на ПИОМ, со предвременото пензионирање од 5 години се опфатени 52,000 вработени и тоа 28.000 мажи и 23.000 се жени.

Можноста за предвремено пензионирање е прифатлива и за бизнисмените и за Конфедерацијата на Синдикати. Но бараат различни услови за работниците во јавниот и приватниот сектор. Тие предлагат во законот предвременото пензионирање да биде само по барање на самите вработени.

Годинава пензија им се исплаќа на 325 илјади лица. За нив се трошат речиси милијарда евра, односно 915 милиони евра. Просечната исплатена пензија во јули изнесува 15.500 денари. а дури 35,5 % земаат 12,863.