Брзопотезен рецепт за сочен колач со чоколадо и путер од кикирики кој што е наменет за една особа.
Единствениот начин колачот да го подготвите и испечете за две минути е во микробранова печка.
Потребни состојки: – 2 лажици путер од кикирики; – 1 лажица кафеав шеќер; – 1 јајце; – 1 лажица брашно; – 1/4 малечка лажица прашок за печиво; – 1 лажица какао; – 1/2 малечка лажица екстракт од ванила; – 2 лажици топено чоколадо.
Подготовка: 1. Сите состојки ставете ги во еден сад и добро промешајте.
2. Земете поголема шолја за кафе или чај, премачкајте ја со путер и во внатрешноста ставете ја смесата која што претходно ја подготвивте.
3. Колачот ставете го во микробранова печка на 60 секунди.
4. Колачот јадете го директно од шолјата или пак префрлете го во соодветна чинија.
5. Украсете со чоколадни трошки или пак шеќер во прав.
Пријатно јадење!