Сите јадат компири и оваа храна е дел од многу јадења, а често и гарнир. Се користи за правење салати, супи, чорби, но многумина сепак прават грешки при подготовката. Еве ги трите најчести грешки при готвење компири.
1. Ги лупите компирите сирови
Многумина чистат компири пред да ги стават да се готват. Сепак, најдобро е да се готви со кора бидејќи така полесно ќе се отстрани, а експертите велат дека тогаш компирот има и подобар вкус.
2. Го варите во врела вода
Како и кај повеќето зеленчуци, луѓето чекаат да зоврие водата, за да стават компири во неа, но тоа е голема грешка затоа што тогаш постои поголема веројатност компирот да остане сиров внатре.
Најдобрата опција е компирот да се стави во ладна вода, а кога ќе почне да врие, намалете ја температурата на грејното тело и варете го до 20 минути.
3. Проверувате со вилушка дали е варен.
Многу луѓе користат вилушка за да проверат дали компирот е варен или доволно мек. Но, тогаш тој почнува да се распаѓа во водата, што не е многу примамливо за око па и на вкус.
Треба да се напомене дека минималното време за готвење на компирот е 10 минути. Ќе бидат потребни 15 минути за да се зготват помалите компири, и 20-сет минути минимум за поголемите компири што ќе ги користите во салатата или при приготвување на пире.