Најчудната причина за развод во Холивуд досега – Силвестер Сталоне побарал едно нешто од жената, таа го одбила

ИЗВОРНов Лист
|

Познатиот актер се разведува по 25 години брак поради нов член на семејството…

Силвестер Сталоне беше фатен пред неколку дена во салон за тетоважи како го покрива ликот на неговата сопруга Џенифер Флавин.

Американските медиуми брзо објавија дека бракот на Сталоне е во криза и не погрешиле – актерот и убавицата која му ги роди четирите ќерки се разведуваат. Причината – куче!

Интернет порталот ТМЗ пренесува дека парот се скарал поради ротвајлер кој актерот сакал да го купи, но неговата сопруга рекла „не“.

За време на расправијата за новото куче, на површина излегоа бројните проблеми на парот, но кучето Двајт, кое на крајот го купи Сталоне, беше причина за разводот. Истиот портал наведува и дека Џенифер е таа која поднела барање за развод.

Што е уште полошо, тетоважата на сопругата ја покри со ликот на својот нов миленик!