„Најдобриот подарок“: Mартина Михајловска ја објави првата фотографија од ќерката (фото)

ИЗВОРСкопје24
|

Водителката на некогашниот естраден магазин „Бекстејџ“, моделот Мартина Михајловска кон крајот на месец април се оствари во улога на мајка.

Мартина и нејзиниот сопруг Виктор Илоски станаа родители на нивната ќерка Алана.

Тогаш убавите вести ги објави нејзиниот сопруг на социјалните мрежи не криејќи ја радоста.

„Љубовта на мојот живот се роди денеска Алана.Се што сум и се што имаме е твое!Да си ми жива и здрава, благословена од Бога, а за се друго тука е тато…Благословен и најсреќен ден во мојот живот. Мартина и мојата мала принцеза. Ве сакам двете бесконечно“, напиша тогаш Виктор.

Меѓутоа, Мартина е резервирана за својата приватност, па многу ретко објавува фотографии од својот приватен живот.

Сепак, сега направи исклучок и на „Инста стори“ сподели фотографија од нејзината ќеркичка. „Најдобриот подарок“ напиша некогашната водителка.

Веруваме дека секој момент го користи за да го помине со најмалите и да ужива во првите месеци на една од најубавите улоги – мајка.

Извор: vistina.mk