Кромидот ќе ги изгуби лутината и крцкавоста ако го испечете во рерна, а овој рецепт се нарекува стопен кромид бидејќи зеленчукот е толку мек по термичката обработка што се топи во устата.
Потребни состојки: 4 големи главици кромид со вкупна тежина од околу 1 килограм, 125 мл пилешки фонд, 2 лажици маслиново масло, 1 лажица стопен путер, 1 лажица свежо исечкана мајчина душица, 1 лажичка сол, ½ лажичка мелен пипер.
Начин на подготовка: 1. Загрејте ја рерната на 230 Целзиусови степени. 2. Излупете го кромидот и исечете го на парчиња со големина од околу 2,5 центиметри. 3. Измешајте ги маслото, путерот, солта, биберот и мајчината душица и намачкајте ги парчињата кромид со оваа смеса.
4. Ставете го кромидот во рерна да се пече 30-35 минути додека површината не добие убава карамелизирана боја. На половина од печењето, свртете го кромидот, така што двете страни ќе бидат исти.
5. На крајот, внимателно истурете го пилешкиот фонд во плехот за печење и печете сè заедно уште 15-20 минути или додека да се намали течноста и кромидот да стане многу мек.