Најдобриот рецепт за новогодишни путер колачиња

|

Потребни состојки:

200 г путер, 200 г шеќер, 500 г брашно, 1 јајце, Малку печиво и ванила.

Начин на подготовка:

Изматете го омекнатиот путер со јајцето(едно поголемо или 2 помали) и шеќерот, па додадете го брашното и сосема малку печиво(може и без печиво). Додадете ванила за вкус и оформете не многу меко тесто, но не и да се рони. Убаво измесете го. Доколку е многу меко тестото, додадете малку брашно и оставете го 10. минути во фрижидер.

Исукајте тенка кора, исечете форми по желба и печете ги на 200-220 степени околу 7-8 минути. Декорирајте ги по желба.