Нема човек што не обожава да јаде проја, но онаа домашната е највкусна и можете да ја јадете за доручек или вечера. Ова е рецептот по кој ќе полудите:
Состојки:3 јајца, 200 милилитри јогурт, 100 грама путер, 200 грама издробено сирење, 200 грама пченкарно брашно, 100 грама бело брашно, 1 прашок за печиво, 100 милилитри кисела вода и малку сол.
Приготвување: Изматете ги јајцата, па додајте им сирење и јогурт. Добро измешајте ја смесата, па во неа наредете путер, а потоа додајте брашно и прашок за печиво. Ако смесата е премногу густа додајте и малку кисела вода. Сето тоа префрлете го во калап за проја и печете го на 200 степени Целзиусови околу 20 минути.
Потпечени тиквички со сирење: Оброк прсти да излижеш!
Пригответе го овој едноставен рецепт за тиквички потпечени во рерна, кои ќе ја опсипат вашата трпеза со прекрасни миризби. Рецептот е погоден и за почетници во куна.
Состојки: 4 тиквички, 100 грама тврдо сирење за рендање, 200 грама меко сирење, маслиново масло, магдонос, сушен босилек, сол и бибер.
Приготвување: Загрејте ја рерната на 180 степени, на плехот ставете хартија за печење. Измијте ги тиквичките, исушете ги и пресечете ги на половина во должина. Со лажица издлабете ги семките.
Во чинија измешајте меко сирење со сол, бибер и сушен босилек. Внимателно ставете ги тиквичките на хартијата за печење, наполнете ги со приготвената смеса, одозгора изрендајте тврдо сирење и прелејте ги со малку маслиново масло. Печете ги 15-20 минути, додека тиквичките не станат меки, а сирењето убаво се запече.
Наросете ги со свеж магдонос и послужете ги топли.
Добар апетит!